недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Сити со најмалку примени голови во топ 5 првенствата во Европа

Манчестер Сити со најмалку примени голови во топ 5 првенствата во Европа

Лидерот во англиското првенство Манчестер Сити не само што има постигнато најмногу голови во Премиер лигата (27), но има и најмалку примени (3) во првенствата од топ 5 во Европа, покажува статистиката на „Марка“.

Само Ливерпул (4) и Атлетико Мадрид (5) се блиску до трите погодоци, примени од страна на Едерсон во првите десет шампионатни натпревари од сезоната. Бразилскиот голман е во серија од 600 минути, или 10 часа, без да прими гол во англиската елита. Седум „суви“ мрежи, од кои шест последователни, му дозволуваат да поведе во трката за „Златната ракавица“ во Премиер лигата пред Алисон од Ливерпул (6) и Кепа Арисабалага од Челзи (5).

Од сите европски првенства само грчки ПАОК, кипарските АЕЛ Лимасол и Аполон Лимасол, како и гибралтарски Линколн имаат помалку примени голови од Сити – по 2, но сите тие одиграа и помал број средби – 6, 7 или 8.

Најдобри во заштита во Шпанија се Атлетико (5 примени гола), во Италија – Интер (6), во Франција – Пари Сен Жермен (6), а во Германија РБ (Лајпциг) (9).

Коронавирус