петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 25
home Фудбал

Манчестер Сити сезонава не знае за пораз на гостински терен

Манчестер Сити сезонава не знае за пораз на гостински терен

Лидерот во Англиската Премиер лига Манчестер Сити уште еднаш потврди дека сезонава е убедливо најдобар тим во Премиер лигата, откако денес со 2:0 славеше на гостувањет кај Лестер.

За Граѓаните ова е 25 победа во последните 26 средби во сите натпреварувања, што само ја покажува доминацијата на тимот на Пеп Гвардиола.

За Сити ова беше деветта победа по ред на гости во Премиер лигата, а вкупно 15-ти триумф по ред на туѓ терен во сите натпреварувања.

Последен пат Граѓаните на гости не победија кога играа на „Олд Трафорд“ против градскиот ривал Манчестер јунајтед (0:0) на 12 декември минатата година.

Сити сега на табелата има 74 бодови, дури 17 повеќе од вториот Манчестер јунајтед, додека Лестер е трет со 56 бодови.

ЕУРО 2020

Македонија