петок, 7. мај 2021. Вести денес: 173
home Фудбал

Манчестер Сити прв патник во финалето на фудбалската ЛШ

Манчестер Сити прв патник во финалето на фудбалската ЛШ

Англискиот Манчестер Сити не дозволи никакво изненадување во реваншот и вечерва забележа уште една победа против ПСЖ и во реваншот сега со 2-0 со што се пласираше во финалето од ЛШ.

Играч на мечот беше Ријад Марез кој ги постигна двата гола. Марез прво во 11. минута го отвори резултатот и така го најави пласманот на „граѓаните“ во финалето.

ПСЖ напаѓаше меѓутоа недостасуваше реализацијата, Ди Марија во 18. минута не искористи едно лошо додавање на Едерсон.

Ситуацијата околу пласманот во финалето беше решена после еден час игра кога Марез го постигна вториот гол натпреварот.

Пет минути подоцна Ди Марија заработи директен црвен картон со што буквално беше решено околу прашањето на патникот во финалето на ЛШ. Манчестер Сити сега го чека својот протовник во финалето,а тоа е помежу Челзи и Реал Мадрид каде по првиот меч од Мадрид резултатот е 1-1.

Коронавирус