сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Фудбал

Манчестер сити нема да дозволи трансфер на Брахим Дијаз во Реал Мадрид

Манчестер сити нема да дозволи трансфер на Брахим Дијаз во Реал Мадрид

По гласините дека Брахим Дијаз ќе се пресели од Манчестер сити во Реал Мадрид, тренерот Пеп Гвардиола истакна дека нема да дозволи таков трансфер.

Дијаз во Сити дојде од Малага, а 19-годишниот фудбалер во 2017 година потпиша професионален договор со англискиот клуб.

За младиот фудбалер сериозен интерес пројави Реал, под изговор дека сака да ги врати најголемите шпански фудбалски таленти во таковината.

Во Сити не гледаат позитивно на намерите од клубот во Мадрид, а дополнителни проблеми им создава договорот со Дијаз кој истекува на крајот од оваа сезона.

Англискиот шампион планира да го задржи Дијаз во Манчестер, а во меѓувреме Гвардиола не дозволи шпанскиот фудбалер да замине како позајмица, иако за него интерес пројавија повеќе клубови.