среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Манчестер Сити не знае за пораз

Манчестер Сити не знае за пораз

Англискиот фудбалски тим на Манчестер Сити со 2-0 славеше на гостувањето кај Барнли и со овој триумф нанижа 13 победи во сите натпреварување,

„Граѓаните“ беа првиот тим во историјата кој победил девет меча во еден месец откако имаа перфектен јануари, а избраниците на Пеп Гвардиола во исто темпо го започнаа и февруари.

Вечерва без многу проблеми триумфираа на гостувањето кај Барнли. Габриел Жесус го отвори резултатот уште во 3. минута.

Во завршницата од првиот дел, гостите комбинираа убаво, Стерлинг доби топка во срцето на петерецот и рутински реализираше за 2-0 .

За Манчестер Сити ова беше победа број 13 во низа во сите натпреварување со кој го изедначија рекордот и постигнувањето на Арсенал од 2002 година.

На вториот денешен меч од 19 часот, Лестер исто така со 2-0 славеше на гостувањето кај Фулам.

ЕУРО 2020

Македонија