петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 69
home Фудбал

Манчестер Сити не знае за пораз,минималец на Реал Мадрид во ЛШ

Манчестер Сити не знае за пораз,минималец на Реал Мадрид во ЛШ

Англискиот Манчестер сити ја продолжи победничката серија со триумфот на неутрален терен над Борусија Менхенгладбах со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, додека Реал Мадрид со играч повеќе во финишот стигна до победа од 1:0 над Аталанта во Бергамо.

На стадионот „Ференцц Пушкаш“ во Будимпешта, екипата на Пеп Гвардиола стигна до својата 19-та последователна победа во сите натпреварувања, откако Бернардо Силва беше прецизен во 29. минута, додека Габриел Жезус во 65. минута го постави конечниот резултат.

Актуелниот шпански првак Реал Мадрид го одигра речиси целиот натпревар на гостувањето кај Аталанта со играч повеќе по директниот црвен картон што во 17-та минута му беше покажан на швајцарскиот репрезентативец Ремо Фројлер.

Италијанскиот тим долго одолеваше на нападите на Реал, но одбраната на Аталанта потклекна во 86. минута кога Фернанд Менди му донесе предност на „кралскиот клуб“ пред реванш натпреварот на 16 март.

ЕУРО 2020

Македонија