петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 70
home Фудбал

Манчестер сити на убедлив начин до трофејот во ФА купот

Манчестер сити на убедлив начин до трофејот во ФА купот

 Манчестер сити го освои трофејот во ФА купот, откако вечерва во финалето на „Вембли“ во Лондон го победи Впотфорд со убедливи 6:0.

Рахим Стерлинг постигна три гола, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Давид Силва, Кевин Де Бруин и Габриел Жезус.

За „граѓаните“ ова беше шести трофеј во историјата на ФА купот.

Манчестер сити оваа сезона покрај ФА купот ги освои и трофеите во Премиер лигата и Лига купот и стана првиот англиски клуб со три наслови во една сезона во домашните натпреварувања.