петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 71
home Фудбал

Манчестер Сити на чекор до финалето од фудбалската Лига на Шампиони

Манчестер Сити на чекор до финалето од фудбалската Лига на Шампиони

Англсискиот Манчестер Сити денес со пресврт стигна до победа во првиот полуфинален натпревар против ПСЖ каде францускиот тим беше домаќин на првиот меч

ПСЖ добро го започна имаше и предност во првиот дел. До водство домаќините стигнаа преку Маркињос кој со глава го „матираше“ Едерсон во 15. минута.

До изедначување „граѓаните“ стигнаа после нешто повеќе од еден час игра, а најголем виновник беше голманот Кејлор Навас.

Кевин Де Брујн испрати топка како центар шут во шеснаесетникот, но Навас направи лоша проценка и топката од Белгиецот заврши во мрежата.

Само седум минути подоцна Манчестер Сити дојде до целосен пресврт. Конечните 1:2 ги постави Ријад Марез со гол од слободен удар.

ЕУРО 2020

Македонија