сабота, 28. март 2020. Вести денес: 93
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Манчестер сити може да остане без шампионската титула од 2014 година

Манчестер сити може да остане без шампионската титула од 2014 година

Освен двегодишната суспензија од сите европски натпреварувања и казната од 30 милиони евра, на Манчестер сити му се закануваат уште санкции, но овој пат на домашен фронт од Премиерлигата.

УЕФА си го кажа своето и го суспендираше англискиот гигант поради сериозни прекршувања на Финансискиот фер-плеј, а се чини дека истото може да го направи и Премиерлигата. Истите правила за лиценцирање важат и во двете организации, па така ако финансиите не биле во ред според УЕФА, истото треба да важи и за англиската елитна дивизија.

Англиските медиуми најавуваат дека казната за клубот ќе биде одземање бодови. Сити ги прекршил финансиските правила во периодот од 2012 до 2016 година. Доколку им бидат одземени бодови сите овие сезони, тогаш „граѓаните“ би можеле да останат без еден од најважните трофеи.

Во 2014 година тие беа шампиони со 86 поени, четири повеќе од најблискиот ривал Ливерпул. Па доколку Премиерлигата им одземе бодови барем пет бодови од таа сезона, тогаш титулата може да оди на „Енфилд Роуд“.

Останува да се види колку бодови би им биле одземени на „граѓаните“, ако дојде до такво нешто.