петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 62
home Фудбал

Манчестер сити ќе се раздели со неколку играчи

Манчестер сити ќе се раздели со неколку играчи

Неколку играчи ќе го напуштат Манчестер сити во блиска иднина, соопшти тренерот на тимот Гвардиола.

-Сите наши играчи заслужуваат да играат за Манчестер сити многу години. Тие имаат исклучителен квалитет, не се сомневам во тоа. Сепак, со текот на годините ситуацијата се менуваше, бидејќи некои се подготвени да го прифатат фактот дека нема да играат секогаш, а некои не се подготвени. Во овој случај, некои играчи мораат да заминат, изјави Гвардиола за „Гол“.

Манчестер Сити е рангиран на првото место во Премиер лигата со 56 бода по 24 одиграни натпревари.

„Граѓаните“ денес од 17:30 часот гостуваат во Лондон кај Арсенал.  (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија