петок, 29. јули 2022. Вести денес: 61
home Фудбал

Манчестер сити ја одби понудата на Челси за Стерлинг

Манчестер сити ја одби понудата на Челси за Стерлинг

Управата на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити одби да го продаде напаѓачот Рахим Стерлинг на Челзи.

Според новинарот Фабрицио Романо, Сити не е задоволен од сумата понудена за 27-годишниот Англичанец.

Лондонскиот клуб понудил 25 милиони евра, додека Манчестер сити сака да добие 55-60 милиони евра за играчот.

Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 17 гола и пет асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.

Коронавирус