петок, 3. декември 2021. Вести денес: 138
home Фудбал

Манчестер Сити ја доби битката на милионерите, Милан сеуште во игра за осминафинале во ЛШ

Манчестер Сити ја доби битката на милионерите, Милан сеуште во игра за осминафинале во ЛШ

Англискиот Манчестер Сити доминираше и пропушти многу шанси на дербито од Лигата на шампионите со ПСЖ, но мораше да прави пресврт за победа од 2:1.

ПСЖ успеа да искористи една од ретките грешки на одбраната на премиерлигашот и поведе преку Мбапе во 50. минута, но Сити дополнително го зголеми притисокот.

Резултат беше најпрвин израмнувањето со голот на Стерлинг, а потоа и целосниот пресврт со погодокот на резервистот Жезус за 2:1 и сигурно прво место во групата.

Реал Мадрид обезбеди сигурна победа против Шериф (0:3) со головите на Алаба, Крос и Бензема, со сличен резултат Спортинг ја победи Борусија Дортмунд (3:1), а најубедлив беше РБ Лајпциг, кој на гостувањето кај Бриж победи со 0:5.

Ливерпул го победи Порто, а Милан славеше со голот на Месијас во 87. минута, со што резервистот се претвори во херој на „росонерите“ и го шокираше Атлетико на „Ванда“

Коронавирус