петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 5
home Фудбал

Манчестер Сити избегна санкции од ФИФА

Манчестер Сити избегна санкции од ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема да го казни Манчестер Сити за можна повреда на правилата за трансфер на млади фудбалери надвор од Европа.

Како што објави „Скај Спорт“ новиот шампион на Премиер лигата се спаси од санкции и ќе може да учествува на трансфер пазарот и да ангажира нови засилувања.

Претходно, жалба за трансферот на играчот од средниот ред Бенџамин Гар, поднесе клубот Велес Сарсфилд. Сити беше соочен со забрана да учествува во два трансфер рока.

Во ФИФА ја отфрлија жалбата на Сарсфилд, бидејќи Гаре има италијански пасош и поради тоа  одлучи дека играчот имал право да го напушти аргентинскиот клуб.

Коронавирус