четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 31
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Манчестер сити без тројца клучни дефанзивци до крајот на сезоната

Манчестер сити без тројца клучни дефанзивци до крајот на сезоната

Манчестер сити остана без тројца клучни дефанзивни фудбалери до крајот на сезоната, објави денеска тренерот Пеп Гвардиола, прецизирајќи дека неговиот тим во последните три премиерлигашки натпревари ќе биде без услугите на Рубен Дијас, Џон Стоунс и Кајли Вокер.

Стоунс и Вокер се повредија во полуфиналето од Лигата на шампиони против Реал Мадрид, додека Дијас поради проблеми со мускулите беше заменет на полувреме во неделата против Њукасл, во натпревар во кој Манчестер сити победи со 5-0 и стекна три бодови предност пред второпласираниот Ливерпул.

-Рубен, Кајли и Џон ќе бидат надвор од теренот до крајот на сезоната, изјави Гвардиола, кој нема да може да смета ниту на повредениот Натан Аке.

До крајот на премиерлигашката сезона Сити ќе игра против Вулверхемптон, Вест Хем и Астон Вила.

Гвардиола на располагање за дуелот против Вулверхемптон од дефанзивците ќе ги има само Жоао Кансело, Олександр Зинченко и Ајмерик Лапорте. (МИА)

Коронавирус