сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Фудбал

Манчестер ќе му го продолжи договорот на Де Геа

Манчестер ќе му го продолжи договорот на Де Геа

Шпанскиот голман Давид Де Геа ќе добие понуда за нов договор од Манчестер Јунајтед и тоа ќе се случи во многу скоро време, објави Би-Би-Си.

Актуелниот договор на 27-годишниот голман истекува следната година, а клубот наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката.

Во прилог на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ му оди трансферот на Тибо Куртоа од Челзи во Реал. Мадридскиот клуб долго време се обидуваше да го добие потписот на Де Хеа. Минатата сезона трансферот беше речиси реализиран, но Реал Мадрид немаше време да го регистрира пред да се затвори летниот преоден рок поради административни проблеми.

Де Геа се пресели во Манчестер Јунајтед во 2011 година од Атлетико Мадрид.

МИА

Коронавирус