недела, 19. септември 2021. Вести денес: 19
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Фудбал

Манчестер јунајтед сака да потпише нов договор со Солскјер со плата од 10 милиони евра

Манчестер јунајтед сака да потпише нов договор со Солскјер со плата од 10 милиони евра

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер може да го продолжи договорот со клубот, пренесува „Сандеј Мирор“.

Според британскиот весник, управата на клубот е задоволна од работата на 48-годишниот Норвежанец и е подготвена да го обнови договорот кој истекува во јуни 2022 година.

Се известува дека специјалистот ќе добие плата од 10 милиони евра.

Манчестер јунајтед е втор во Премиер лигата со 54 бода оваа сезона, 17 бода помалку од водечкиот Манчестер сити.

„Црвените ѓаволи“ се пласираа во 1/8 финалето од Лигата на Европа, каде на првиот натпревар ремизираа со Милан (1:1). МИА

Коронавирус