четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 174
home Фудбал

Манчестер јунајтед постави рекорд во Премиер лигата

Манчестер јунајтед постави рекорд во Премиер лигата

Манчестер јунајтед синоќа го победи Брентфорд во одложениот натпревар од 17. коло на шампионатот на Англија со 3:1. Натпреварот се одигра во Лондон на стадионот „Брентфорд Комјунити“.

Манчестер Јунајтед стана првиот клуб од Премиер лигата кој остварил 300 победи на гостински терен.

Според оваа статистичка категорија на второто место е Челзи со 259 победи на гости, додека Арсенал е трет со 246.

Во топ 5 се уште и Ливерпул со 239 и Манчестер сити со 188 гостински победи.

Коронавирус