недела, 26. мај 2019. Вести денес: 67
home Фудбал

Манчестер јунајтед постави негативен рекорд

Манчестер јунајтед постави негативен рекорд

Манчестер јунајтед попладнево загуби од Евертон со убедливи 0:4 натпреварот од 35-тата рунда од шампионатот на Англија и постави негативен рекорд во примени голови во една сезона.

Четвртиот гол што го постигна Евертон е 48-ми во мрежата на „црвените ѓаволи“ во тековната сезона.

Претходниот анти-рекорд изнесуваше 47 примени голови, а тоа се случи во сезоната 1989/90.

Со оглед на тоа што Јунајтед до крајот на сезоната има да одигра уште четири натпревари, можно е негативниот рекорд да биде уште зголемен.