недела, 11. април 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Манчестер Јунајтед нема да биде активен во летниот преоден рок

Манчестер Јунајтед нема да биде активен во летниот преоден рок

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека не очекува клубот да биде активен во летниот преоден рок.

– Пандемијата дефинитивно ги погоди сите во фудбалот. Секој доживува недостаток на приход. Треба да бидете реални и да преземете одговорност за вашиот бизнис. Каде можеме да потрошиме пари? Колку? Се е променето. Имаме фудбалери од академијата кои сега можат да ја добијат својата шанса, го цитира Солскјер порталот „Goal“.

Манчестер Јунајтед е втор во поредокот во Премиер лигата со 50 бода по 26 одиграни натпревари.

Коронавирус