Фудбал веќе е познат првиот играч за наредната сезона

Манчестер Јунајтед на чекор од првото летно засилување

Манчестер Јунајтед на чекор од првото летно засилување

Бразилскиот репрезентативец Матеус Куња од Вулверхемптон е се’ поблиску до преминување во Манчестер Јунајтед, информира италијанскиот трансферен експерт Фабрицио Романо.

Двете страни преговараат неколку недели, сега офанзивниот фудбалер го прифати проектот понуден од “црвените ѓаволи” и го даде своето согласие да премине на “Олд Трафорд”, а моментално двете страни ги финализираат последните детали околу неговите лични услови

По тоа се очекува од Манчестер Јунајтед да се договорат за трансферот со Вулверхемптон околу структурата на плаќање.

Играчот има ослободителна клаузула од 62 милиони фунти во својот договор, но се очекува од “Олд Трафорд” да се согласат да платат малку повеќе, но со можноста сумата да биде исплатена во неколку рати.

To top