сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Фудбал

Манчестер јунајтед му понуди на Наполи 80 милиони евра за Кулибали

Манчестер јунајтед му понуди на Наполи 80 милиони евра за Кулибали

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали може да ја продолжи кариерата во шампионатот на Англија, пренесува „Sky Sport Italia“.

Според италијанскиот медиум, Манчестер јунајтед му понудил на калчолигашот 80 милиони евра за 28-годишниот Сенегалец.

Во исто време, Наполи очекува да добие околу 100 милиони евра за Кулибали.

Во сезоната 2019/20, Кулибали одигра 21 натпревар за наполитанците.

Договорот на одбранбениот играч со клубот од Неапол важи до 30 јуни 2023 година.

Парламентарни избори 2020