четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 112
home Фудбал

Манчестер Јунајтед го продава искусниот дефанзивец, но никој не го сака

Манчестер Јунајтед го продава искусниот дефанзивец, но никој не го сака

Манчестер Јунајтед сака да го продаде Фил Џонс со сите сили, но плановите на „црвените ѓаволи“ никако да се остварат.

Англиските медиуми денеска пренесуваат дека Јунајтед го ставил 29-годишниот дефанзивец на трансфер листата, но нема клубови заинтересирани за неговите услуги.

Џонс не играше година и пол поради сериозна повреда на коленото, па веројатно поради тоа нема понуди за продолжување на кариерата, а неговиот договор со Јунајтед важи до летото 2023 година.

Тој заработува околу четири милиони фунти годишно, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле-Гунар Солскјер не смета на него иако патуваше со тимот на натпреварите пред сезоната.

29-годишниот дефанзивец ја започна својата кариера во Блекбурн, а летото 2011 година пристигна во Театарот за соништа. За Јунајтед одигра вкупно 224 натпревари, постигна шест гола и додаде 10 асистенции.

Играше и за младинските репрезентации на Англија, а за А -тимот одигра вкупно 27 натпревари, но не се запиша во листата на стрелци.

Да потсетиме, Јунајтед пред неколку дена го официјализираше доаѓањето на Рафаел Варан од Реал, кој треба да биде главен играч во одбраната во наредните години.

Коронавирус