среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Манчестер јунајтед ги крати платите поради лошата сезона

Манчестер јунајтед ги крати платите поради лошата сезона

Дел од играчите на Манчестер јунајтед се соочуваат со намалување за 25 отсто на своите примања поради слабата резултатска сезона на премиерлигашот и неуспехот да обезбеди место кое идната сезона носи настап во Лигата на шампиони, јавија денеска британските медиуми.

Манчестер јунајтед ја игра статистички најлошата сезона во историјата на Премиер лигата и ќе заврши со најмалку освоени бодови дури и да победи во последното коло.

Весникот „Дејли мејл“ пишува дека неуспехот ќе се одрази на намалени примања за најголемите ѕвезди во клубот.

Според весникот, неделната плата на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо ќе биде намалена од сегашните 385.000 фунти на 288.000 фунти.

Коронавирус