вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа, според извештајот на холандската компанија за бизнис и услуги „КПМГ“.

Ревизорската куќа го проценува клубот од „Олд Трафорд“ на 3,255 милијарди евра. „Црвените Ѓаволи“ се најдоа на врвот на листата пред шпански тимови Реал Мадрид (2,92 милијарди евра) и Барселона (2,78 милијарди евра).

Германскиот шампион Баерн Минхен е рангиран на четвртото место со околу 2,55 милијарди евра.

Во ТОП 10 најскапи фудбалски клубови се најдоа уште и: Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Тотенхем.

(Миа)

Коронавирус