четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 103
home Фудбал

Манчестер го освои првиот бод на „Олд Трафорд“ сезонава

Манчестер го освои првиот бод на „Олд Трафорд“ сезонава

Манчестер Јунајтед го освои првиот бод од почетокот на сезоната на „Олд Трафорд“ – 0:0 против Челси.

„Црвените ѓаволи“ имаа многу позиции пред голот на „сините“, но Едвард Менди направи неколку феноменални одбрани и не дозволи гол во неговата мрежа.

Единсон Кавани го забележа своето деби за Јунајтед.

Така, Челси останува на 6-то место во поредокот со 9 поени, додека Манчестер Јунајтед ги продолжува своите неубедливи настапи на домашен терен, а во шампионатот е на 15-то место со освоени 7 поени. (МИА)

Коронавирус