недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Мамиќ повторно во центарот на вниманието: Од бегалци направив милионери, сега не смеат да ме споменат

Мамиќ повторно во центарот на вниманието: Од бегалци направив милионери, сега не смеат да ме споменат

Најмоќниот човек во хрватскиот фудбал, Здравко Мамиќ, е огорчен што ниту еден репрезентативец не го споменал, не му се заблагодарил, после освојувањето на среброто на Светското првенство во Русија.

Хрватските фудбалери станаа јунаци на нацијата и се во центарот на вниманието на целиот свет, но ниту еден од нив овие денови не го спомена Мамиќ, иако тој на најголемиот дел од нив им е „фудбалски татко“.

-Во Динамо сум 48 години. Ме нарекуваа најмоќен човек во хрватскиот фудбал. Сигурно и јас имам некој заслуга за успехот на репрезентацијата. Иако гледам дека не ме споменуваат. Меѓутоа, неспорно е дека ова кулминација на нашиот успех низ базта која ја правевме. Па јас децата како Модриќ, Ловрен, Ковачиќ и Чорлука ги доведов како бегалци од Босна и Херцеговина. Меѓутоа, никој ништо. Сите на некого му се заблагодаруваат, мене никој не ме споменува. Никој не го споменува ниту Шукер, ниту Мамиќ. Морам да бидам искрен и да кажам- присутен е стравот. Не смеат да не фалат, затоа што поединци потоа би биле подложни за напади, кажа Мамиќ во интервју за „Дневни Аваз“.

Мамиќ истакна дека се неточни информациите кои излегоа во медиумите, дека тој сакал да го смени Златко Далиќ од позицијата селектор на репрезентацијата на Хрватска.

-Се што е напишано за мене околу мојот однос со Далиќ е лага. И не е точно дека јас го поставив. Него го доведе Шукер и тоа е вистина. Мене ми е мило поради него, мило ми е поради репрезентацијата. Не го доведов, но испадна дека не сум се противел на тоа, што е точно. Не е вистина дека сум барал негова смена после турнејата во Америка, додаде Мамиќ.

Коронавирус