понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Малдини застана во одбрана на Донарума

Малдини застана во одбрана на Донарума

Италијанскиот фудбалски клуб Милан вчера оствари важна победа над Беневенто во италијанскиот фудбалски шампионат, но пред истата, имало доста тензична сцена пред „Сан Сиро“, во која во фокусот се нашле тифозите на клубот и првиот голман на тимот Џанлуиџи Донарума.

Донарума ги одолговлекува преговорите за нов договор со Милан,  а вчера дошло до навистина непријатна сцена откако се симнал од автобусот.

Како што информира „Кориере дела Сера“, клубот го натерал Донарума да оди на средба со лутите навивачи, кои пак успеале да го расплакаат голманот, откако му поралаче воопшто да не застанува на голот доколку не потпише нов договор до дерби мечот со Јувентус кој е на програмата наредниот викенд. Весникот информира дека Џиџио останал навистина потресен од оваа средба и со солзи во очите го напуштил краткиот состанок со фановите, по што денеска се јави и директорот Малдини кој откри дека сите операции за продолжување на договорите се стопирани до крајот на сезоната.

– Сакам да нагласам дека никој што не е дел внатре од клубот, не може да одлучува кој ќе игра и кој ќе го продолжи договорот. Одлуките се носат според она што се случува на теренот, одлуките на тренерот и клубот. Од овој момент, сите преговори за нови договори се стопирани до крајот на сезоната. Сакаме тимот да остане фокусиран на случувањата на теренот, а не на некои преговори, – изјави Малдини.

ЕУРО 2020

Македонија