петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Фудбал

Македонските фудбалерки ја пречекуваат Северна Ирска

Македонските фудбалерки ја пречекуваат Северна Ирска

Женската фудбалска А репрезентација на Северна Македонија денеска ја пречекува Северна Ирска во рамките на европските квалификации за пласман на Светското првенство 2023 што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд.

Натпреварот, кој се игра во рамките на групата Д од квалификациите, ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 13 часот.

Ова е првиот натпревар од двомечот кој ги очекува избраничките на селекторот Кирил Изов против Северна Ирска. Вториот натпревар ќе се одигра на 29 ноември во Белфаст.

Коронавирус