среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Фудбал

Македонските фудбалери со прогрес од две места на најновата ФИФА ранг листа

Македонските фудбалери со прогрес од две места на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од две места на ФИФА ранг-листата објавена денеска и сега е на 69. место.

Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата над Летонија во Рига и нерешениот резултат со Израел во септемвриските дуели од квалификациите за ЕУРО 2020.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на септемвриското  рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 22. место, Австрија е 27-ма, Словенија се наоѓа на 58.позиција, Израел е 86-ти, додека Летонија е 139-та.

Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 119. место..

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина. (МИА)