петок, 30. јули 2021. Вести денес: 120
home Фудбал

Македонските фудбалери се селат во Амстердам

Македонските фудбалери се селат во Амстердам

Македонската фудбалска репрезентација претпладнево (11 часот) од Букурешт со чартер лет ќе отпатува за Амстердам каде ќе го одигра својот последен натпревар на 16. Европско првенство.

„Црвено-жолтите“ по двата пораза во Букурешт ги загубија шансите за осминафинале, но против Холандија ќе имаат можност да стигнат до првите бодови на ЕВРО 2020.

Домаќинот на овој меч ќе игра растоварено, бидејќи веќе го обезбеди првото место во Ц-групата и пласманот во елиминациската фаза.

Натпреварот ќе се одигра на 21 јуни со почеток во 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. 

Коронавирус