среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Македонскиот фудбалер Саше Гелов го загуби животот

Македонскиот фудбалер Саше Гелов го загуби животот

Страшна вест доаѓа од Кавадарци, поточно од Росоман каде што во сообраќајна несреќа, животот го загуби 25-годишниот капитен на ФК Росоман Саше Гелов. Сообраќајката се случила пред неколку дена, а Гелов им подлегна на повредите на скопските клиники.

Гелов е поранешен фудбалер на Вардар Неготино и на Хоризонт Турново.

Фудбалскиот клуб Росоман на својата Фејсбук острана објави дека животот го загубил капитенот на овој тим Саше Гелов.

“23.04.2020, тажен ден за нашата Општина Росоман и луѓето што живеат тука. Изгубивме другар, пријател, брат и голем спортист. Почивај во мир, КАПИТЕНУ!“, стои во објавата.

Коронавирус