вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Фудбал

Македонски тим се вклучи во трката за Ибрахимовиќ?! (ВИДЕО)

Македонски тим се вклучи во трката за Ибрахимовиќ?! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ се збогува со Лос Анџелес галакси и со МЛС-лигата и сега останува отворено прашањето, каде ќе ја продолжи кариерата?

Интерес за ветеранот има од многу клубови во Европа, меѓу кои и неговите поранешни тимотви Манчестер јунајтед и Милан, но тука се и понудите од супер богатите кинески клубови.

Во Македонија царевите за социјални мрежи од фудбалскиот клуб Осогово измонтираа урнебесен клип на кој Ибрахимовиќ вели дека, „оној последниот е многу добар“. Кој тим е последен во Втората лига Исток? Осогово!

Клипот е од пред 18 години кога младата фудбалска репрезентација на Македонија беше домаќин на Шведска, а натпреварот заврши 1-1.