недела, 20. септември 2020. Вести денес: 65
home Фудбал

Македонски младински репрезентативец потпиша за Боависта за – 500.000 евра!

Македонски младински репрезентативец потпиша за Боависта за – 500.000 евра!

Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Агон Елези, кариерата ќе ја продолжи во еден од најславните португалски тимови, Боависта, откако потпиша договор за преселба на Пиринеите од таборот на Скендербег каде што досега играше.

Вкупната сума на трансферот изнесува 500.000 евра, што е огромна сума за 19-годишен фудбалер, а згора на тоа, албанскиот тим ќе добие и дополнителни 15-отсто од неговиот следен трансфер.

Елези потекнува од школата на Шкупи, а има играно уште и за младинскиот тим на француски Каен и за македонскиот второлигаш Велазерими.

Коронавирус