сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Фудбал

Македонската репрезентација вечер гостува во Израел

Македонската репрезентација вечер гостува во Израел

Македонската фудбалска репрезентација вечер во Бер Шева му гостува на Изреал во квалификациски натпревар за Европското првенство 2020 година.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски рече дека би бил задоволен со најмалку три бода од овој и следниот дуел по три дена со Летонија. Уште поголем оптимист е Езџан Алиоски кој очекува максимални шест бода од двете гостински пресметки.

– Секогаш кога ќе дојдам тука со репрезентацијата, подготвен сум да дадам максимум. Така е и со сите играчи. Лесно е да се каже со зборови дека очекувам шест бодови, и тоа е можно и на теренот, но треба да го дадеме максимумот.  Сега треба да го добиеме Израел, и потоа со поголема самодоверба да играме и со Летонија и таму да победиме, изјави Алиоски.

Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути.

По четири кола во Г-групата лидер е Полска со 12 бода, Изреал има 7, а по нив следуваат Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Летонија 0.