понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 130
home Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација и во Амстердам на ЕП ќе игра пред публика

Македонската фудбалска репрезентација и во Амстердам на ЕП ќе игра пред публика

Властите во Амстердам, еден од двата градови заедно со Букурешт каде македонската фудбалската репрезентација ќе ги игра своите натпревари на претстојното Европско првенство (ЕП), се одлучни во намерата да дозволат гледачи на Арената „Јохан Кројф“.

Организаторите во Амстердам најавија дека ќе дозволат влез на најмалку 12.000 гледачи на стадионот со капацитет од 55.000 седишта.

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин рече дека сите градови домаќини мораат да обезбедат влез на одреден број навивачи и дека ниту еден дуел на ЕП не би смеел да се игра пред празни трибини и пандемијата на коронавирус.

Конечната одлука на кои стадиони ќе се игра ЕП закажано од 11 јуни до 11 јули ќе биде позната на конгресот на УЕФА на 20 април.

Коронавирус