понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 29
home Фудбал

Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за мечот со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за мечот со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа првиот тренинг на Националната арена „Тодор Проески” во пресрет на натпреварот против Словенија на 10 октомври од 20:45 часот, од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра следната година.

Селекторот Игор Ангеловски на првиот тренинг ги имаше на располагање сите фудбалери на кои смета за дуелот со Словенците кој е еден од најважнте во квалификацискиот циклус. Победата ни треба, и само трите бода се во мислите на нашите репрезентативци.

Тимот е ослабен со неиграњето на повредениот Енис Барди и суспендираниот Егзон Бејтулаи, а селекторот дополнително ги повика младиот Марио Младеновски од Вардар и Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев.