вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 162
home Фудбал

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев денес полни 38 години

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев денес полни 38 години

Големите спортисти не се мерат во години, бројките кои ги дефинираат нив се безвременски и обично означуваат голови, победи, титули. Нашиот Горан Пандев има доволно такви во својот трезор на успеси и повеќе од доволно часови денови и години има посветено за да стане синоним за фудбалот на Македонија, па затоа барем во овој ден тој е оној на кого треба да биде посветено целото внимание.

Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со натпреварот против репрезентацијата на Холандија во рамките на ЕВРО 2020, ја заврши репрезентативната кариера. Од репрезентацијата си замина со рекордни 122 настапи и 38 постигнати голови. Во репрезентативниот дрес, Пандев дебитираше во 2001 година.

Видеолотарија Касинос Австрија му го честита 38. роденден на најдобриот фудбалер во македонската историја и му посакува многу здравје и уште многу приватни и професионални моменти за паметење. Среќни сме и привилегирани што на почетокот на годинава Пандев стана симбол и за нашиот бренд и се надеваме дека уште многу години ќе биде наше заштитно лице и ќе имаме долга и плодна соработка.

Коронавирус