петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 157
home Фудбал

Македонија води против Естонија

Македонија води против Естонија

Македонија со водство на натпреварот против Естонија. Голот беше постигнат уште во третата минута од натпревараот од страна на домашниот фудбалер Куск, односно станува збор за автогол и нашата репрезентација моментално има резултат од 1:0.

Македонската фудбалска репрезентација на вечерашниот дуел со Естонија ќе настапи во различен состав за разлика од средбата со Косово одиграна во четвртокот.

На голманската позиција ќе биде Дамјан Шишковски, кој ќе го замени Столе Димитриоски кој мора во изолација поради наводен позитивен тест на коронавирус.

Во дефанзивната линија се Езѓан Алиоски, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков и Стефан Ристовски.

Бобан Николов и Стефан Спировски ќе бидат поповлечени во средниот ред, а пред нив се Александар Трајковски, Ферхан Хасани и Тихомир Костадинов.

Најистурен ќе биде Иван Тричковски.

Коронавирус