недела, 23. септември 2018. Вести денес: 62
home Фудбал

Македонија У21 ремизираше со Ерменија

Македонија У21 ремизираше со Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година одигра нерешено 3-3 против Ерменија на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во рамки на квалификациите за ЕП во 2019 година.

„Црвено-жолтите“ имаа предност од два гола во 90-тата минута, но со автоголот на Амановиќ, како и погодокот на Аветисјан, гостите си заминуваат од Скопје со бод.

Атанасов во 26-тата минута ја доведе во водство нашата селекција, а во второто полувреме Аветисјан со гол од пенал во 56-тата минута израмни на 1-1.

Младинците преку Здравковски вратија исто така од пенал, откако во 73-тата минута успешно реализираше од белата точка. Потоа сепак, се случи неверојатен пад во играта во самата завршница од средбата и Ерменците израмнија во финишот.

Македонија У21 сега има четири бода и го држи петото место во групата пред Гибралтар кој има три бода. Пред нас се Ерменија со седум бода на четвртото место, Австрија е трета со 15 бода, еден бод повеќе има Русија на второто место, а убедлив лидер е Србија со 21 бод.

Преостануваат уште дуелите против Русија на гости и Гибралтар на домашен терен. (МИА)