среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Македонија против Естонија за победа и пласман во Б-Лигата на нации

Македонија против Естонија за победа и пласман во Б-Лигата на нации

Македонија денеска ја пречекува Естонија со амбиција да ја продолжи победничката низа и со пласман во Б дивизијата во Лигата на нации да ја заокружи најуспешната година во својата историја.

Македонската фудбалска репрезентација влегува во мечот од 15 часот на арената Тодор Проески во Скопје во улога на фаворит, но селекторот Игор Ангеловски се соочува со големи проблеми околу составот поради суспензии, повреди и замор кај дел од репрезентативците.

Капитенот Горан Пандев е ослободен од обврските, Столе Димитриевски и Езџан Алиоски не се во комбинација поради суспензија, Енис Барди и Аријан Адеми се повредени, а Крсте Велкоски е позитивен на коронавирус.

Дополнително Ангеловски го повика во тимот крилниот напаѓач на Шкендија Љупче Дориев, а добра вест е враќањето на левиот бек Кире Ристески, кој е негативен на последниот корона тест.

Коронавирус