петок, 25. септември 2020. Вести денес: 60
home Фудбал

Македонија напредуваше две места на ФИФА-листата

Македонија напредуваше две места на ФИФА-листата

Фудбалската репрезентација на Македонја напредуваше за две позиции на ФИФА-листата. Победата над Ерменија (2-1) и ремито со Грузија (1-1) во Лигата на нации и овозможи на Македонија да се најде на 66 место.

„Црвено жолтите“ го делат 66-то место со Саудиска Арабија и Албанија.

Македонија има најдобар рејтинг од противниците со кои ќе се сретне во Лигата на нации (Грузија е 89, Ерменија 101, а Естонија 108), а има подобар рејтинг и од противникот во баражот за пласман на ЕП Косово (116 место).

На врвот на листата е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.

Коронавирус