петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 62
home Фудбал

Македонија и Естонија одиграа нерешено

Македонија и Естонија одиграа нерешено

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено со резултат 3:3 против Естонија во натпреварувањето на „Лигата на нации“.

Македонската фудбалска репрезентација се спаси од пораз на гостувањето кај Естонија завршувајќи го натпреварот со три три, откако претходно во текот на мечот резулатотот беше три еден во полза на Естонците.

Македонските фудбалери поведоа со смешен автогол на домаќините, а потоа примија три гола по што во самиот крај спасија бод, а промашија и удар од белата точка. Со овој нерешен резултат Македонија сега има 5 бодови и останува на делба на првата позиција во групата заедно со Грузија што одигра 2:2 на гостувањето кај Ерменија (на неутрален терен). Токму Грузија е нашиот следен противник, во среда од 20:45 на Арената „Тоше Проески“ во Скопје.

Инаку, Грузијците ни се противници и во историското финале за пласман на Европското првенство што би бил прв настап на Македонија на едно такво големо натпреравување. Натпреварот ќе се игра на 12-ти ноември во Тибилиси.

Коронавирус