сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија ЃП стигна до првата победа во пролетниот дел од сезоната

Македонија ЃП стигна до првата победа во пролетниот дел од сезоната

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров конечно по пет натпревари запишаа победа во македонскиот фудбалски шампионат откако на домашен терен го победија Силекс со 1-0 .

Триумфот за „лавовите“ го донесе  Лудвиг Коџа кој го постигна дебитанскиот гол во дресот на Македонија ЃП во 20. минутa од мечот.

Македонија останува на третото место на табелата со 38 бода, шест повеќе од Струга Трим Лум, а само два бода помалку од второпласираниот Шкупи. Силекс останува на само шест победи во 22 натпревари и затоа нема да се помести од деветтото место со само 23 бода, два повеќе од екипите кои се во црвената зона.

Утре од 14 часот се среќаваат: Шкендија – Ренова, Вардар – Струга Трим Лум, Шкупи – Работнички, Пелистер – Борец, Беласица – Академија Пандев.

Коронавирус