среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Македонија доби засилување од Лос Анџелес: Мусовски ќе игра за националниот тим

Македонија доби засилување од Лос Анџелес: Мусовски ќе игра за националниот тим

Напаѓачот на Лос Анџелес ФЦ, Даниел Мусовски се согласи да игра за македонската фудбалска репрезентација.

Напаѓачот блесна во дресот на тимот од МЛС-лигата минатата недела кога постигна два гола против Сиетел и беше прогласен за МВП на колото.

Македонската фудбалска репрезентација веднаш реагираше и стапи во контакт со 24-годишниот напаѓач. Мусовски веднаш прифатил да игра за националниот тим, па сега фудбалерот треба да добие македонски пасош. Работите треба да одат брзо со оглед на фактот дека неговите родители поседуваат македонски пасош, а од таборот на нашата федерација се надеваат дека документацијата брзо ќе биде завршена и Мусовски ќе може да биде пријавен за настап против Грузија во финалето од баражот за пласман на ЕП 2021, натпревар што се игра на 12 ноември.

„Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција“, изјави Игор Ангеловски за интернет страницата на ФФМ.

Дени Мусовски е роден во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година. Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола.

Сезонава во тимот на ЛА ФЦ има постигнато четири погодоци на 11 натпревари. Може да игра и како лево крило и како класичен напаѓач. Сезонава доби повеќе минутажа во тимот поради повредите на првите ѕвезди Карлос Вела и Диего Роси и одлично ја искористи шансата.

Коронавирус