понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Фудбал

Македонија до 17 години ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2022 година

Македонија до 17 години ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2022 година

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години ги доби противниците за квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2022 година ќе се игра во Израел.

Ждрепката посака нашиот национален тим да се најде во групата 5, каде домаќин е репрезентацијата на Република Ирска која е домаќин на турнирот.

Нашата селекција предводена од селекторот Драган Канатларовски ќе игра против Полска и Андора.

Засега нема датум само на овој квалификациски турнир, а останатите же се играат во месец октомври.

Најдобрите две селекции во секоја група ќе играат во елитната рунда, а исто така место ќе има и за четири најдобри третопласирани репрезентации од сите групи.

ЕП 2022 се игра во Израел во мај 2022 година, а во елитната рунда директно место засега имаат Холандија и Шпанија.

ЕУРО 2020

Македонија