среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Фудбал

Македонија без Пандев во составот го почнува мечот во Израел (ФОТО)

Македонија без Пандев во составот го почнува мечот во Израел (ФОТО)

Македонската фубалска репрезентација без капитенот Горан Пандев тргнува вечерва во петтиот квалификациски меч од овој циклус за Евро 2020, откако најискусниот фудбалер не успеа да биде фит за да го почне овој меч.

Пандев има хематом на слабините, поради што беше неизвесен и сега не се најде на списокот на Ангеловски за стартните 11, па во нападот неговото место го зема Елиф Елмас, кој секако беше планиран за стартет, но средниот ред е пополнет со Бобан Николов во триото покрај Енис Барди и Адијан Адеми.

Македонија ќе игра во формација 3-5-2, со Кире Ристевски, Дарко Велковски и Висар Муслиу како трио стопери, Егзон Бејтулаи и Езџјан Алиоски ќе бидат на кринлите позиции, а покрај триото во средниот ред, на Елмас во нападот друштво ќе му прави Илија Несторовски.

ИЗВОР: СПОРТ1