понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 68
home Фудбал

Мајорка и Александар Трајковски се вратија во Примера Дивизија

Мајорка и Александар Трајковски се вратија во Примера Дивизија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски и неговиот тим Мајорка и теоретски обезбедија промоција во ЛА Лига, откако нивниот директен конкурент за второто место, Алмерија, загуби на гостувањето кај Картахења so 3-2.

Составот на Македонецот и пред да го одигра мечот од 40 коло има недостижна предност пред ривалите и сигурен пласман во повисок ранг за следната сезона.

Пред Трајковски и соиграчите сега се три натпревари без резултатски императив пред официјалниот крај што ќе го означи почетокот на славјето во Мајорка.

Коронавирус