вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 53
home Фудбал

Мајката на Роналдо со мистериозна порака на Инстаграм

Мајката на Роналдо со мистериозна порака на Инстаграм

Кристијано Роналдо го напушти Мундијалот во Русија по елиминацијата на неговата Португалија, но најдобриот фудбалер на светот сепак во псоледните два дена е вест број 1 во светските спортски медиуми, фрлајќи го во втор план она што се случува во Русија.

Речиси сите спортски медиуми од Шпанија, Италија и Португалија пренесоа вест дека Роналдо се договорил со Јувентус за плата од 30 милиони евра годишно, а наводно и Реал ја прифатил понудата на италијанскиот шампион вредна 100 милиони евра. Сепак, Флорентино Перез не сака ова да прерасне во сапуница, па вечерва во мадрид на итен состанок го повикал агентот на Роналдо, Жорге Мендеш.

Во следните неколку часа би можела да се реши иднината на Кристијано Роналдо, барем според пишувањата на Марка. Весникот пренесе дека Жорж Мендеш добил наредба веднаш да се „нацрта“ во Мадрид на итен состанок со Флорентино Перез. Средбата треба да разјасни дали ЦР7 заминува или останува.

Првиот човек на Реал не сака да се прави сапунска опера од иднината на својата прва ѕвезда, па планира на средба очи во очи со неговиот агент да ги разрешат дилемите.

Дополнително, „масло на огнот“ вечерва додаде мајката на Кристијано Роналдо, Марија Долорес, која на својот Инстаграм профил порача:

-Речиси сè е подготвено за утре.

Já quase tudo pronto para amanhã 🇧🇷❤️ #CasaAveiro

A post shared by Maria Dolores (@doloresaveiroofficial) on

Дали ваквата порака на мајката на Роналдо има поврзаност со иднината на нејзиниот син останува непознато, но тоа беше и повеќе од доволно за медиумите дополнително да пишуваат дека Роналдо е на чекор од Јувентус.