петок, 4. декември 2020. Вести денес: 30
home Фудбал

Мајката на Роналдо, по закрепнувањето од мозочниот удар, го покажа вртоглаво скапиот подарок од синот (ФОТО)

Мајката на Роналдо, по закрепнувањето од мозочниот удар, го покажа вртоглаво скапиот подарок од синот (ФОТО)

Мајката на Кристијано Роналдо, Марија Долорес, се пофалила на Инстаграм со скапоцениот подарок, кој го добила за Денот на мајката.

„Им благодарам на моите деца за подароците што ги добив. На сите мајки им посакувам среќен Ден на мајката“, напишала Марија под фотографијата на која позира пред новиот „мерцедес“.

Роналдо и на Инстаграм им го честита Денот на мајката на посебните жени во неговиот живот.

„Среќен Ден на мајката на моите две посебни жени“, напишал тој покрај фотографиите на неговата мајка Марија Долорес и девојката, Георгина Родригез.

Инаку, мајката на Роналд доживеа мозочен удар пред два месеци, а за време на закрепнувањето, Роналдо беше покрај неа. Пред една година, таа таа беше оперирана и од рак на дојка, а Роналдо инвестираше стотици илјадници евра за изградба на центар за лекување на рак во болницата, во која првиот пат ѝ беше спасен животот на неговата мајка.

 

View this post on Instagram

 

Obrigada aos meus filhos pelos presentes que hoje recebi. Feliz dia para todas as mães ❤️?

A post shared by Maria Dolores (@doloresaveiroofficial) on

Коронавирус