четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 186
home Фудбал

Мадридските медиуми го распнаа Јовиќ: Дури и голманот има подобра статистика од тебе!

Мадридските медиуми го распнаа Јовиќ: Дури и голманот има подобра статистика од тебе!

Српската ѕвезда Лука Јовиќ летоска дојде во Реал Мадрид за 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт, ама очигледно не може да се снајде во најтрофејниот светски клуб, па ефектот од неговите настапи е ужасен. И ако досега имаше поддршка, зашто му треба време за прилагодување, веќе и на мадридските медиуми им дојде преку глава и го распнаа со критики.

Јовиќ на последниот меч со второлигашот Сарагоса играше до 73-та минута, Реал Мадрид лесно победи во Купот со 3-0, но ефектот на Србинот е очаен. Ајде што не даде гол, но педантните статистичари му пресметале дека за повеќе од еден час успеал само 14 пати да ја допре топката. Повеќе од двојно имал на пример голманот Алфонсо Ареола, па „АС“ жестоко го нападна српскиот центарфор.

„Јовиќ топката ја допира двојно помалку од голманот Ареола, кој на мечот имаше 34 допири. Јовиќ имаше седум додавања, по едно на десет минути, трипати помалку од голманот. Ужасно лошо е кога играч кој е најблизу до голот има послаба статистика дури и од својот голман“, пишува „АС“.

Посебно потенцираат дека Србинот е лош во движењата без топка, многу малку се движи за разлика од Бензема и поради тоа практично е некорисен за тимот, а посебно непродуктивен во играта. Шпанците пресметале дека во оваа фаза лани, Јовиќ на контото имал 18 гола, а сега едвај – еден!

Коронавирус